За тоа колку се важни претседателските избори за американците покажува овој потег на космонаутот на НАСА.
НАСА соопшти во понеделникот дека космонаутот Шејн Кимброу гласал во Меѓународната вселенска станица. Тој стигнал до станицата во средината на октомври. Пред да биде лансиран во вселената , Кимброу изјави дека ќе биде посебно тоа што ќе каже “гласав од вселената”.
НАСА наведе дека ова не е единственото гласање од вселената. Кејт Рубин исто така гласала од вселената на претходните избори, две недели пред да се врати на земјата.
Ф.Г.