Амбасадорката Брнс за „Рекет“- Ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор

Сега е време Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото, пишува, меѓу другото, американската амбасадорка во Скопје, Кејт Брнс на Твитер споделувајќи го статусот на еврокомесарот Јоханес Хан за случајот „Рекет“ и борбата против корупцијата.

„Како што рековме претходно, ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, кој ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото“, пишува амбасадорката на Твитер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.