„Made in Macedonia“, македонски, „најдоброто од Македонија“, македонскиот рубин, македонското вино, се само дел од трговските марки кои најверојатно ќе заминат во историја поради договорот со Грција. Уставните измени се само првата обрска која нашата држава мора да ја исполни. Потоа ќе следува формирање комисија со која ќе треба да се променат имиња и термини за комерцијална намена – објави “АлфаТВ”.
За територијата на Република Македонија од вкупно 14.556 трговски марки на македонски субјекти, 79 го содржат зборот Македонија, 77 англиската верзија на името Macedonia, а придавката македонски ја содржат 12 регистрирани трговски марки. Кратенката МК е содржана во вкупно 93 случаи, а кратенката МАК во 35.
Во Договорот со Грција стои дека:
„Двете страни се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат нивните деловни заедници да воспостават искрен, структуиран и во добра волја дијалог, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата закомерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво“
Целиот текст прочитајте го ТУКА