12 позиции во МВР денеска добиваат нови началнички и раководни позиции по предлог на министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев. Алфа екслузивно го објавува списокот на рокадите.
1-Досегашниот началник на СВР Скопје Тони Јакимовски, се менува со Виш полициски советник Ристо Ставревски
2-СВР Битола се менува Славко Јовановски, со Андреј Василевски
3-СВР Велес се менува Злате Јаневски со Игор Ангеловски
4- СВР Струмица се менува Танчо Пројковски со Васко Тодоров
5-СВР Штип се менува Маријан Коцев со Александар Николов
6-СВР Охрид се менува со Сашо Милески со Илија Милески
7-оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал се менува Лазо Велковски со Александар Јанев
8-началник на интервентна единица СВР Скопје се менува Примислав Димовски со Васко Наумовски
9-оддел за специјални полициски операции се менува Бранко Трајановски со Сашо Зенговски.
10-помошник министер на одделот за криминални истраги, за внатрешна контрола и професионални стандарди се менува Дејан Андонов со Филип Филиповски
11- оддел за внатрешни работи Прилеп се менува Игор Каравилоски со Трајче Горгиески
12. Помошник министр на одделот на информатика и телкомуникации на место на Марјан Коцев е имануван Здравко Стојков.
Чулев има право да назначи 15 нови позиции, за останатите три дополнително ќе одлучува министерот. Според законот актуелните раководители сега ќе станат заменски на новоименуваните и ќе имаат врзани потписи.