Алушовски повеќе не е тренер на Еурофарм Работник

Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Работник ја прекина соработката со тренерот Стевче Алушовски.

-Управата на РК Еурофарм Работник денес спогодбено ја прекина соработката со досегашниот прв тренер на клубот г-дин Стевче Алушовски. На вечерашниот состанок заеднички е констатирано дека во интерес на клубот и понатамошните настапи на екипата во ЛШ и СЕХА лигата најдобро е да дојде до прекин на соработката.

Управата на РК Еурофарм Работник му се заблогодарува на досегашниот ангажман на г-дин Стевче Алушовски, му посакува многу здравје и понатамошни спортски успеси, стои во информацијата што битолскиот клуб ја објави на својот Фејсбук профил.

Битолчани по седум кола во регионалната СЕХА лига имаат три победи и четири порази, додека во Лигата на шампионите на девет средби остварија само две победи наспроти седум порази.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.