ППК Младост 96 ја известува целокупната спортска јавност,дека и оваа година како и изминатите 3 години,членот на клубот Александар Рикалоски повторно ќе ги брани боите на Македонската репрезентација. Ова ќе биде негово прво појавување во младинската репрезентација на Македонија, додека претходните години беше член на кадетската репрезентација на Македонија.
Од 10 до 15 мај во Тиват (Црна Гора), ќе се одржи 24 Балкански шампионат во пинг понг, на кое учество ќе земи и Македонската репрезентација во кадети и младинци, како во женска, така и во машка конкуренција. На првенството учество ќе земат 8 држави.