Албанскиот претседател “леташе орли” во Скопје заедно со Ахмети, Османи и Џафери (ФОТО)

Албанскиот претседател Илир Мета денеска по повод 110-годишнината на албанскиот јазик и азбука, присуствува во Скопје каде заедно првите луѓе на ДУИ положи цвеќе пред споменикот на Скендербег.

Мета ја посети и Старата скопска чаршија каде заедно со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, вицепремиерот Бујар Османи и собранискиот спикер Талат Џафери, се фотографираа правејќи двоглав орел.

Мета за време на денешната посета на Скопје оствари средба и со премиерот Заев




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.