Албанскиот интеректуалец и критичар на процесите во Македонија, Арменд Нухиу, го коментира и францускиот предлог за кој вели дека нема поширок консензус.
Го пренесуваме неговиот став во целост:
– Членството на Македонија во ЕУ е приоритет и стратешка цел на земјата од 1992. Но, со актуелниот предлог јасно е дека нема поширок консензус за почеток на преговорите.
Мнозинството на етнички Македонци (со право или не -не навлегувам, не ги знам деталите) сметаат дека со Протоколот кој е дел од предлогот, им се негира, или во најмала рала, проблематизира идентитетот и јазикот.
Така што, на сила ова нема да може да се протурка.
Ќе чекаме подобар предлог, чекаме 30 години, а во меѓувреме не е лошо да поработиме на правна држава, еднаквост на сите пред законите, изградба на автопатот Гостивар Охрид, повеќе инвестиции, подобри плати.
Да сме живи и здрави, пишува Нухиу.