Алал да им е: “Спасивме 250.000 работни места и 35.000 компании”

Владата предводена од СДСМ презема сериозни чекори и мерки за заштита на здравјето на граѓаните и надминување на економските последици од глобалната пандемија со коронавирусот – истакна на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

“Со пакетот мерки државата спасува 250.000 работни места, им помага на работниците и над 35.000 компании.

Се бориме за секое работно место, за секој работник, да ги зачуваме работните места и да обезбедиме приход за секој човек.

Еден од инструментите за помош и поддршка на домашната економија се и бескаматните кредити кои им се ставени на располагање на микро, малите и средни претпријатија.

За оваа мерка има голем интерес од компаниите. Во втората група апликации одобрени се нови бескаматни кредити за дополнителни 118 компании со 1.116 вработени”, истакна Костадинов.

Целосната прес конференција проследете ја во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.