Акциja на МВР: Запленети 119 парчиња oхридска пacтpмка

На 20/21.02.2022 во периодот од 17.00 до 01.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро презеле мерки и активности за откривање и спречување незаконит риболов.

Во водите на Охридското Езерo, спроти „Свети Стефан“, на околу 1000 метри од брегот на езерото, пронашле рибарска мрежа со улов од 119 парчиња риба охридска пастрмка, со вкупна тежина од 45.5 килограми.

Рибите и мрежата биле подигнати од местото и однесени во Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.