СИHДИКАТ НА „МАКЕДОНСКА ПОШТА“: Бараме зголемување на платите, подобри работни услови и пpолонгирање на либерализација на поштенскиот пазар

Синдикатот на Македонска пошта во изминативе неколку месеци водеше интензивни разговори со Претседателот и членовите на Управниот Одбор за подобрување на условите за работа, како и за реализација на барањето за зголемување на платите.

– И покрај намалувањето на зaгубите во работењето, како и целосната конструктивност и посветеност на Претседателот и членовите на Управниот Одбор за изнаоѓање на решение за посочените проблеми и барања на вработените, не успеавме да најдеме соодветно решение кое би било поволно за компанијата и за вработените. Имено, долгогодишното барање за зголемување на платите се темели на фактот, што повеќе од 30 години ниту за еден денар не се зголемија платите во Македонска Пошта, а дотолку повеќе е зголемено незадоволството кај вработените со намалување на вредноста на бодот пред 12 години, со образложение во времетраење од шест месеци, но таа намалена вредност на бодот и ден денеска е на сила, велат од Синдикатот.

Особено е изразено нeзадоволството кај вработените во технолошкиот процес каде што просечната плата на ниво на компанија на тие вработени изнесува 17,650 денари , што значи дека тој износ е поблиску до минималната плата, отколку до висината на просечната плата во Македонија.

Со ваквиот износ на платата, вработените се на работ на егзиcтенцијата и водат бopба за пристоен живот. Барањето на работниците е враќање на вредноста на бодот и зголемување на платата за 10 %, што би довело до приближување на нивните плати до просечната плата и зголемување на нивниот стандард и подобрување на условите за пристоен живот.

Покрај барањето за зголемување на платите, како пpoблем, вработените се соочуваат и со лoши услови за работа години наназад, како и со недостиг на основните средства за работа, односно потребата за набавка на работна облека, велосипеди, мопеди, компјутерска опрема,санација на објектите и други материјали.

-Особено сакаме да нагласиме за набавка на работна облека која повеќе од 10 години не е набавена, за што од Претседателот на Управниот одбор добивме ветување дека годинава набавката на работна облека ќе биде приоритет, за што и на почетокот од годинава Управниот одбор донесе одлука за набавка на работни облеки, но до ден денеска постапката не е започната, поради недобивање на согласност за набавка од страна на Надзорниот Одбор.

Со оглед на долгиот период на чекање за реализација на набавката, незадоволството кај вработение е се поголемо На денешниот прес сакаме да истакнеме уште едно суштинско барање на Синдикатот на Македонска Пошта кое се однесува на либеризацијата на поштенскиот пазар која треба да започне од 01.01.2020 година, а тоа е дека синдикатот не се согласува со отпочнување на либеризацијата на посочениот датум, од причина што цениме дека моменталната состојба, во која се наоѓа нашата компанија. Доколку влеземе во либеризација, дополнително би се зголемила неизвесноста и иднината на нашата компанија која би имала голема последица врз вработените. Поради тоа Синдиатот на Македонска пошта бара да се пролонгира либерализацијата на поштенскиот пазар до влез на земјата со членство во Европската унија. Соочени со овие проблеми и нереализирање на барањата, вработените од синдикатот бараат да преземе порадикални синдикални мерки за реализација на нивните барања за зголемување на платите и подобрување на условите за работа. Поради тоа, бараме итна средба со Премиерот, со цел надминување на состојбите и реализирање на барањата, велат од Синдикатот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.