Човекот кој неодамна бојадисуваше куче скитник во центарот на Прилеп, пред очите на голем број минувачи, сеуште е на слобода, информираат преку социјалните мрежи активистите за заштита на животните.
Имено, кон крајот на минатиот месец, едно лице од ромска националност, на градскиот плоштад “Методија Андонов-Ченто”, малтретираше и бојадисуваше куче скитник.
Прилепчани беа згрозени од оваа глетка, а активистите информираа дека повеќе пати апелирале до општинските власти и полицијата.
Лицето подоцна беше приведено, а од МВР информираа дека против него ќе поднесат соодветен поднесок.
Сега активистите информираат дека лицето е сеуште на слобода…
По преземени мерки полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп од слобода го лишиле М.М.(56) од Прилеп.
Со лицето е извршен разговор, по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “мачење животни” казниво по член 233 од Кривичниот законик на РМ. – известија во полицискиот билтен тогаш на МВР.