Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новаковски смета дека доколку никој не обезбеди мнозинство ќе настанат пpoблеми и политичка kpиза.
За Радио слободна Европа Новаковски вели дека во случај ниту една партија да не обезбеди мнозинство за создавање на влада, нема да има друго решение освен да бидат распишани нови парламентарни избори.
„Тука мора да се напомене дека во моментов немаме претседател на Собранието, имаме претседавач, а распуштањето може да се случи од страна на пратениците за распишување на предвремени избори. Тука роковите се скратени и нема друг начин да се излезе од тоа“, вели Новаковски.
РСЕ потсетува дека остануваат уште четири дена од десетдневниот рок по конституирањето на Собранието на 4 август, во кој претседателот на државата Стево Пендаровски, според одредбите во Уставот, треба да го довери мандатот за состав на Влада на кандидатот на партијата, односно партиите што ќе обезбедат мнозинство во Парламентот.