Пред пилјарата Fruit Маrket во населбата “Точила” во Прилеп е поставена закачалка на добрината. Мотото е: “Ако имаш донеси ако немаш понеси”, а досега повеќе хумани граѓани дале свој придонес за оние наши сограѓани на кои им е најнеопходна помош.
Празничните денови не се само прослави по кафеани и ресторани, туку во овие денови треба да научиме да сакаме, да споделуваме, да шириме позитивна енергија и да даруваме. Само така нема да има ниту една празна трпеза за Божик и Нова година.
Секоја чест за идејата на сопствениците на пилјарата, а вие побрзајте и дајте свој придонес во оваа хумана мисија.