Сообраќајна несреќа во која е усмртена мечка, а две лица се повредени се случила вчера вечерта на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Групчин.
До несреќата дошло кога комбе со германски таблички управувано од А.Ф од Скопје се судрило со патничко возило „сеат леон“ управувано од М.В. при што автомобилот удрил во мечка. Животното е усмртено по ударот на лице место.
Со телесни повреди се здобиле М.В. и неговата сопатничка Л.М, кои со Итна медицинска помош се префрлени на Клиника во Тетово, а потоа пренесени во Скопје, по што се пуштени на домашно лекување.
Увид на лице место извршиле екипи на СВР Тетово.