АБЕР ДОЈДЕ ОД БЕРЛИН: ГЕРМАНСКИОТ БУНДЕСТАГ ГИ ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКИТЕ ЈАЗИК, КУЛТУРА И ИДЕНТИТЕТ

Најсилната економија во Европската Унија стана најсилен сојузник на Македонија во борбата за зачленување на Македонија во најмоќната и најбогатата унија на држави во светот – Европската.

Бундестагот ги признава македонските култура, идентитет и јазик, и ги смета различните јазици за интегрален дел од културното наследство на ЕУ. Германскиот Бундестаг го признава значењето на приклучувањето на Македонија во ЕУ, не само за самата држава, туку и за симболичното влијание врз целиот регион.

Резолуцијата содржи и препораки за германската влада, меѓу кои е и препораката да ја повика Бугарија да го поддржи патот на Македонија кон ЕУ во рамките на постигнатиот компромис и да се воздржи од дополнителни услови. Во предложената резолуција, германскиот Бундестаг го истакнува значењето на 2023 година за европската иднина на Македонија и го нагласува ангажирањето на Германија во поддршка на патот на Македонија кон членство во ЕУ.

резолуцијата предложена од парламентарните групи на трите владејачки партии СПД, Зелените и ФДП, а насловена „Активна поддршка за Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“ ќе се расправа вечерва во германскиот Бундестаг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.