Што се’ има во гумите за џвакање?

Неодамна многумина се загрижија од сознанието дека гумите за џвакање без шеќер содржат аспартам, супстанца што некои ја нарекуваат „благ отров“ што се прави од пластика.

Првата гума за џвакање е патентирана во САД, во далечната 1869-та година, а денес ретко кој може да замисли да го помине денот без познатите мастики. Тие се постојано присутни кај сите генерации, како за младите така и за повозрасните.

Неодамна многумина се загрижија од сознанието дека гумите за џвакање без шеќер содржат аспартам, супстанца што некои ја нарекуваат „благ отров“ што се прави од пластика.

Гумите за џвакање се произведуваат на база на гума, засладувачи, материи за омекнување и за згуснување, ароми, средства за боење и конзерванси. Поливинил ацетат е една од состојките на гумите за џвакање, а се користи и за изработка на лепак.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.