Деновиве на собраниската комисија за Буџет и финансирање се дискутира и за 706 амандмани што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата! Тие се надеваат дека овие амандмани ќе бидат прифатени бидејќи се во интерес на граѓаните! Ова е тест дали навистина ќе дојде “Нов живот”, или ќе биде само едно големо разочарување од актуелната власт?!
Пратениците побараа средства за: реконструкција и обновување на работничкиот универзитет “Пере Тошев” во Прилеп, средства за доопремување на градската болница во Прилеп, потоа за реконструкција на старата градска чаршија, за изградба на канализација во населените места Воѓани и Бела Црква, рехабилитација на регионалниот пат Прилеп-Топола-Битола, дозавршување на канализациониот систем во Мало Коњари, реконструкција на спортската сала “Македонија” во Прилеп, реконструкција на санитарните јазли во ООУ “Гоце Делчев”, изградба на училишни сали во основните училишта “Кире Гаврилоски”, “Кочо Рацин” и “Блаже Конески” во Прилеп, изградба на обиколница околу Крушево, набавка на инвентар во градинката во ООУ “Рампо Левката”, средства за реконструкција на старскиот дом во Прилеп, изградба на крстосница кај технолошко-индустриската зона Алинци, реновирање на стариот објект во економското средно училиште “Кузман Јосифоски”-Питу, средства за дограма во гимназијата “Мирче Ацев”, изградба на нова детска градинка во близина на Тутунскиот комбинат во Прилеп.