После сведоштвата на очевидците кои тврдат дека тој кобен 26 април 1986 гоидина, виделе две големи експлозии, општоприфатена теорија гласи дека прво дошло до експлозија на пареа.
Со предизвиканата енергија настанало загревање на водата со која се ладел реакторот, а тек после тоа дошло до нуклеарна експлозија.
Меѓутоа, нова анализа укажува дека впрочем било обратно, односно дека прво се случила нуклеарната експлозија.
Група шведски истражувачи ги анализирала изотопите на хемискиот елемент ксенон кои четири дена после несреќата ги собрале научниците.
Тие изотопи се пронајдени далеку од самото место на катастрофата, во градот Череповц, северно од Москва и далеку од главните траги на отпадоците.
Според тврдењата на шведските научници, тие изотопи настанале со нуклеарна фисија, што укажува на нуклеарна експлозија.
Од друга страна, главните отпадоци пронајдени во радиус блиску до чернобилската катастрофа, содржеле урамнотежени изотопи на ксенон какви може да се најдат само во реакторот. Тој радиоактивен материјал е пронајден северозападно од Припјат, во Скандинавија.
Според процените на тогашните атмосферски прилики, поновите изотопи на ксенон пронајдени кај Череповц, поттикнуваат од остатоците лансирани во воздухот од остатоците кои настанале со уништувањето на реакторот.
Според научниците, нуклеарната експлозија би лансирала многу повеќе радиоактивни остатоци во атмосферата од експлозија на самата пареа.
-Веруваме дека прво дошло до нуклеарна експлозија која низ цевките за полнење на гориво лансирала радиоактивен материјал на 2,5 до 3 километри во воздухот, а 2,7 секунди после што дошло до експлозија на ареата која го пробила реакторот, тврдат шведските научници.
Сведоците во тоа време споменувале сини блесоци над реакторот во секундите после првата експлозија, што според тврдењето на научниците, дава нов тек на настаните околу чернобилската катастрофа.