Брачниот пар од Стокхолм Мари Гранмар и Чарлс Сакилото, одлучиле својата куќа да ја стават под стакленик, со дебелина на стаклото од 4 милиметри.
На ова се решиле за да добијат поголема топлина, а сметките за струја да ги смалат, но исто така и да можат да произведуваат овошје и зеленчук во зимскиот период од годината.
За да ја стават куќата под стакло им биле потребни околу 80 илјади евра.
Тие во стакленикот направиле центрифугален систем за прочистување на отпадните води, кој служи за наводнување на градината. Под стакленикот одгледуваат различни билки, смокви, грозје и други плодови.
А/Г/