Со цел да го прикрие нејзиниот изглед, Кристен ставила капче…
Преубавата и омилена помеѓу тинејџерите Кристен Стјуарт, која се прослави со улогата на Бела во филмскиот серијал “Самрак сага”, а потоа и со врската со својот колега од филмот, Роберт Патисон, изгледа, повеќе не е толку убава…
Познатата глумица била фотографирана во Лос Анџелес како се шета низ градот без шминка, со подочници преку целото лице, книга во рацете и влечки. Сето тоа го дополниа со бели чорапи, а за нејзиниот стајлинг деновиве зборуваат сите светски медиуми. Нејзината препознатлива долга коса, сега е скратена, неуредна и префарбана во плаво, со голем израсток.
А/Г/