ШПАНСКИ ЗА ТРЕТ СЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО ДРЖАВАТА: Браво Раул! Браво момци!

Вториот триумф на Европското првенство во Хрватска против Црна Гора и донесе пласман на нашата репрезентација во следното коло од шампионатот и прво место во групата Ц.

Повторно гледавме една Македонија во првото полувреме и друга Македонија во второто. Се чини советите на полувремето од првиот човек на клупата “Ел Команданте” или Раул Гонзалез, како и со Словенија, повторно вродија со плод, па Македонија експлодираше во вториот дел.

За време на целиот меч можеше да се види како човекот кој му донесе шампионска титула на Вардар во Лигата на шампиони, се радуваше на секој погодок и скокаше колку го држат нозете.

Вака се работи професијата со срце и душа и вака се заслужува секој денар од платата.

Поклон до земја за тебе голем човеку!

Најмалку што можеме да направиме овие денови кога воведовме втор службен јазик во државата, да воведеме и трет и тоа да биде шпанскиот.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.