На Далечниот исток, во водите на Јапонско море, започна активна фаза на заеднички руско-кинески воени вежби “Поморска соработка 2017”.
Москва и Пекинг се подготвуваат за можна војна меѓу САД и Северна Кореја, сметаат експертите.
Бродовите на воената морнарица на Кина и тивкоокеанската флота на Русија заедно испловиле, соопшти за медиумите портпаролот на Источниот воен округ за Тивкоокеанската флота, Владимир Матвејев.
“На испловувањето му претходеше напорна работа во заедничкиот штаб во оквирот на воените вежби “Поморска соработка 2017”.
На картите се проучени сите етапи на воени вежби, командирите на бродовите му соопштиле на раководството дека екипажот е подготвен за изведувањето на маневрите, изјавил Матвејев.
Планирано е да се изведат и вежби на заеднички артилериски гаѓања по морски цели.
Ф.Г.