ШАРМАНТНИОТ ПРИЛЕПЧАНЕЦ Е ПРВИОТ МАКЕДОНЕЦ ВО ВСЕЛЕНАТА (ВИДЕО)

Воодушевени од несекојдневната и уникатна реклама на компанијата “Витаминка”, летот на прилепскиот шармер кој го освои секој дел од светот, го прикажуваме уште еднаш.

Како што соопштија од компанијата претходно денеска “Стоби Флипс”, брендот број еден во Македонија, се вивна во вселената и го освои и овој простор. Компанијата Витаминка го лансира “Стоби Флипс” во вселената со цел да го заземе и последниот простор кој остана недопрен од него.

Со ова симболично лансирање на нови и далечни простори се одбележува 40-годишнината од почетокот на производството на омилениот македонски бренд.

Лансирањето на СтобиФлипс во вселената беше организирано од Маркетинг Агенцијата Дивижн.

Флипсот беше лансиран на 36 000 метри и целиот пат до орбитата на Земјината топка е регистриран во видео запис.

Ова е потфат кој веројатно ќе се памети долго време и секогаш кога ќе се посегне по “СтобиФлипс”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.