Сведоштво за моќта на Света Петка во српски Телеграф вели дека вода од извор му го спасилa животот.
-Бев во многу лоша ситуација и сакав да пробам вода од изворот на Света Петка. Таа ноќ бев во шок соба, докторите рекоа дека шансите да преживеам сe минимални- раскажал Миодраг Тодоровиќ за српски Телеграф.
-Докторот дојде во собата околу 10 часот навечер а јас му побарав вода од изворот. Тој рече дека ќе ми донесат изутрина но инсистирав па затоа се јави на моите и ми донесоа. Имав сепса и беше само прашање на време кога ќе умрам. Кога брат ми ја донесе водата се напив неколку голтки, а веќе наредниот ден ми се поправи здравствената состојба. Во меѓувреме искрено се молев- рекол Милорад.
Тој се излечил и излегол од болница жив и здрав, а на прашањето дали пости тој рекол дека пости секој петок откако знае за себе и дека само верата во Света Петка и Бог го спасила- завршил тој.