Новата локална власт во Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски веднаш пристапи кон кадровски промени во образовните институции.
Денеска именувани се нови директори во гимназијата “Мирче Ацев” и трите основни училишта ООУ “Блаже Конески”, ООУ “Рампо Левката” и ООУ “Кирил и Методиј” во населеното место Канатларци.
За в.д. директор на гимназијата „Мирче Ацев“ е именуван Димче Настоски, кој го замени Кире Николоски.
На ООУ „Рампо Левката“ денеска за нов в.д. директор е поставена Благица Каракашоска, која ќе ја замени досегашната директорка Катерина Чавлеска Трпкоска.
На ООУ „Блаже Конески“ нов в.д. директор е Весна Мојсоска, која доаѓа на местото на Марија Дулеска.
Во ООУ „Кирил и Методиј“ во н.м. Канатларци за в.д. директор е именуван Бајрам Јусуфоски. Претходно директор во ова училиште беше Влатко Кузманоски.