Веројатно некогаш ви се случило да останете без струја, а истовремено да ви се испразни и батеријата на мобилниот телефон. За среќа, можете да здивнете затоа што сега постои решение и на овој проблем.
Својот мобилен телефон секогаш полнете го со оргинален полнач, но ако баш се најдете во тесно, можете да ги испробате и следните методи.
Резервна батерија
Преставува најлесен и најефикасен начин за полнење на мобилните телефони без полнач. Резервните абтерии можете да ги наполните однапред кога имате напојување, а потоа ги употребувате за напојување на телефонот и другите уреди доколку на располагање немате струја. Може да се купат и преку интернет или специјализирани продавници.