Градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, упати честитка до граѓаните по повод големиот христијански и национален празник Илинден.
“Почитувани Сограѓани,
Оваа година, Република Македонија одбележува 114 години од Илинденското востание и 73 години од Првото заседание на АСНОМ.
Илинден е ден кога славиме и се потсетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ. Празнувајќи го овој датум, да им се заблагодариме и да им оддадеме почит на сите знајни и незнајни херои од нашата историја, зошто врз темелите што тие ги поставија опстојува Република Македонија.
Празникот Илинден е симбол на победата на македонскиот непокор, а наша обврска е да продолжиме посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество.
На сите жители на Општина Прилеп, како и на сите граѓани на Република Македонија им го честитам големиот македонски национален и православен празник 2-ри Август, Илинден.
Нека ни е честит Илинден”