Чесите со три пикери за мечот со Македонија, Гонзалес не го промени Лазаров – ќе игра ли капитенот?!

Според последните информации капитенот на нашата ракометна репрезентација Кире Лазаров ќе биде на клупата за вечерашниот меч со Чешка, кој стартува со почеток од 20:30 часот.

Победа во овој меч ќе значи полуфинале на дофат за нашите ракометари. Сеуште нема јасни информации за повредата на нашиот капитен.

Според неофицијални информации на “balkan-handball”, тешко може да се очекува дека Кире ќе заигра на теренот.

Чесите од друга страна се засилија на позицијата пивот. На Земан и Петровски, им се придружи Петр Шлахта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.