На ден 23.09.2017 год. во казино “Фламинго” во Гевгелија ќе се одржи професионална боксерска ревија под наслов “FLAMINGO BOXING NIGHT”.
Организатор на оваа ревија е Балканската Боксерска Промоција на чело со промотерот Ненад Боровчанин. Балканската боксерска промоција досега има организирано неколку настани во Србија под мотото “ВРАЌАЊЕ НА БОКСОТ”, a под истото мото ќе биде и овој настан.
Комисија на настaнот ќе биде “Про Бокс Македонија”, инаку полноправен член на Европската Боксерска унија “Е.Б.У.”
Од страна на П.Б.М делегирани се четири најдобри македонски судии, a мечмејкер е прилепчанецот Дарко Чатлески.
На овој настан нашата замја ќе ја претставува нашиот најдобар боксер во супер лесна категорија Денис “bad boy” Муаремовски. Борбата ќе биде во 4 рунди по 3 минути.
“Денис е во одлична форма, добар, тврд и боксер со големо срце. Два месеци се припрема за овој меч. Мислам дека ќе дебитира со победа, првата победа во профи боксот е многу значајна. Неговиот противник е Теодорос од Грција со скор 1-1-0, но Денис има доволно успеси и искуство во аматерските води така да одиме на победа”, истакна Дарко Чатлески.
Исто така големо внимание привлекува борбата помеѓу Шериф Гурдијелјац од Србија со скор 13-4-0 и бившиот ВБА светски шампион Лорензо Пара од Шпанија со скор 32-13-2.
Овој меч е предвиден да биде 8 рунди по 3 минути. Настанот дирекно ќе се пренесува на СПОРТ КЛУБ 3 Teлевизија, во 22:00 часот.
Fight card:
1. -63.5 kg. Denis Muaremovski (MKD) vs. Panagiotis Matssagos (GR) 4×3 r.
2. -79.3 kg. Filip Stankovic (SRB) Vs. Theodoros Mpoukakis (GR) 4×3 r.
3. -61.2 kg. Serif Gurdijeljac (SRB) Vs. Lorenzo Parra (ESP) 8×3 r.