На 03.06.2017 год. во Брисел се одржа генералното собрание на Европската Боксерска Унија, Е.Б.У. за професионален бокс. Боксерскиот веле мајстор од Прилеп, Дарко Чатлески, во улога на секретар на Про Бокс Македонија, ја претставуваше државава на ова собрание.
На ова собрание учествуваше и делегацијата на Македонија од Про Бокс Македонија. Про Бокс Македонија беше привремен член на Е.Б.У. од 2010 година. Потоа беа направени контроли од страна на Е.Б.У, во организараните про бокс мечеви на П.Б.М во 2012 год. во Македонија, во присуство на претседателот на Е.Б.У, Господинот Боб Логист. Со позитивен одговор на генералното собрание на Е.Б.У во 2013 год. во Виена, ПРО БОКС МАКЕДОНИЈА беше едногласно изгласана за полноправен член на Е.Б.У.
На Е.Б.У генералното собрание во Брисел 2017 год. Македонија ја представуваше секретарот на Про Бокс Македонија Дарко Чатлески. Собранието го водеше претседателот на E.B.У., господинот Боб Логист.
“Морам да нагласам дека членките асоциации од E.Б.У. се членки и на Светската асоциација W.B.C. Големо изненадување на овој конгрес беше прусуството на претседателот на Светскиот Боксерски Совет W.B.C. Господинот Mauricio Sulaiman.
Од страна на W.B.C председателот лично ми беше доделена значката од W.B.C и бев за прв пат во историјата на Македонија за официјален делегат на W.B.C од Македонија. Во агендата на ова Собрание имаше 12 точки на дневен ред. Најважни точки беа заштитата и здравјето на про боксерите, како и задолжителни прегледи на боксерите по правилата на E.B.U И W.B.C. Исто така воведување на новите правила на локалните асоциации на професионалните боксерски мечеви. Со голем влог и труд во овие 8 години постигнавме голем успех, се надеваме дека за брзо во иднина ќе успееме некој Македонски про боксер да се бори за некои од европските или светски титули”, ги пренесува своите импресии Дарко Чатлески.