И Вардаровите јуниори преголем залак на патот до опстанок за РК Прилеп. Во денешниот плеј-аут натпревар за опстанок во ракометната Супер лига, РК Прилеп загуби на гостувањето кај Вардар јуниор со огромни 11 гола разлика.
Крајниот резултат на семафорот беше 34:23 (20:13 на полувремето). Со овој резултат РК Прилеп сега се наоѓа на самото дно од табелата и е пред сериозен предизвик да опстане во суперлигашкото друштво.
Вардар јуниор има дури и меч помалку од прилепчани, па битката за опстанок уште повеќе е комплицирана на нив.