Чајот од нане делува за смирување и за еден мал милион други проблеми со здравјето. Во продолжение ќе ви пренесеме неколку совети за лековитите својства на оваа билка, како и за употребата на нането во исхраната и начинот на чување во домот.
Нането помага при нервоза. Кога се користи за таа намена, се користи во мешавина со рузмарин и мелем, во исти сразмер.
Мешавината се прелива во шоља со врела вода и се остава да отстои 10 минути. Се пијат три шољи дневно, најдобро е пред главниот оброк.
ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА
Чајот помага и за болки во бубрезите, но и при болна менструација
Ментолот од нането дејствува против симптоми на настинка и суво кашлање, а го олеснува и дишењето. Добро дејствува и во случај на астма, како и при ублажување на симптомите од алергии.
Пет капки од етерично масло од нане на коцка шеќер, дејствуваат против вртоглавица, мигрена и мачнини. Доколку ги истриете слепоочниците со вакво масло можете да отстраните и главоболка.
Употреба во кујна
Како зачин, се користат свежи ливчиња од нане, а во зимскиот период замрзнати. Во јадењето се ставаат непосредно пред крајот на припремата.
Како се чува
Сушеното нане чувајте го во добро затворена стаклена ам
балажа, на ладно, темно и суво место. Така може да се одржи од 9 до 12 месеци.