Променливо облачно време во Македонија со повремени локални врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура од три до 16 степени.
Од четврток ќе има позначителен пораст на дневната температура, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка.