22-годишниот Сурај Махто се најде во центарот на медиумите откако минатата година ја напушти својата сопруга Лалита и се ожени со нејзината мајка, 49-годишната Деви. Необичната афера почнала кога мајката на девојката ги посетила младенците во нивното село во Индија.
Таа се грижела за Сурај кога се разболел и така се родила љубов. Знаеле дека љубовта е забранета, па затоа се слушале на телефон, а кога еден ден се дознало, цело село се кренало на нозе, но залудно. Тие побегнале и се венчале.
– Ја сфатив својата грешка, сега кон неа се однесувам како кон мајка, изјавува тој денес.