Македонија води на полувремето против Чешка со 13:11. Цврстата игра на нашите момци, големиот број грешки на Чесите и седумте одбрани на Борко Ристовски во првиот дел се клучни за водството од 2 гола.
Македонија во неколку наврати водеше со 3 и 4 голови предност, а имаше шанси да зголеми на 5 погодоци.
Сепак, задоволително прво полувреме кое може да гарантира и триумф, доколку се продолжи дисциплинирано и во истиот ритам.
Во нашата репрезентација досега петмина со по 2 погодоци, а во игра на момент влезе и капитенот Лазаров кој веднаш ја погоди мрежата на Чешка.