Хумбатов трето засилување на Победа

BeFunky Collage

Прилепскиот прволигаш Победа  го доби третото засилување. Ангажиран е 23-годишниот интернационалец од Азербејџан Турал Хумбатов.

Станува збор за играч кој настапува на штоперската позиција, а може да ја покрие и позиција на последен играч за врска.

Хумбатов потекнува од школата на Зенит и е повремен репрезентативец на својата земја, а во Победа доаѓа од екипата на ФК Азал.

Тој е трето засилување на Победа по Борче Маневски и повратникот во клубот Нове Ацески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.