Трагичната судбина на семејството од село Долгаец во општина Долнени изминатиов период ги обедини сите кои беа желни да помогнат и да ја вратат смислата за живот во нивните срца.
Група млади луѓе носени од идејата за хуманост и добрина денеска по втор пат го посетија семејството.
Од собраните средства тие донираа шпорет и машина за перење за ова семејство, апарати кои им беа најнеопходни во домот.
Дејан Трајкоски кој е еден од иницијаторите на акцијата, се заблагодари на сите хумани граѓани кои донираа и придонесоа оваа акција да се реализира.
За семејството од село Долгаец помош пристигнуваше од сите страни, а нивни најгорлив проблем сеуште претставува дотраената стара куќа.