Мрија Ресорт и Спа на Крим е прогласен за најдобар туристички хотел и летувалиште според World Travel Awards, пренесува “Раша Тудеј”
Хотелот освои награда како водечки ресорт во светот. Руската компанија “Аерофлот” е прогласена за најдобар бренд, а Санкт Петебург како најдобра туристичка дестинација.
Mрија Ресорт и Спа по прв пат ја освои оваа награда. Неговата конкуренција биле хотели во Дубаи, Доминиканска Република, Италија и Египет.
Светските туристички награди не прецизираат дали хотелот Мрија е руски или украински.
Хотелот е отворен во 2014 година. Одморалиштетот е оддалечено 30 км од Јалта и нуди 422 соби и вили од 270.000 метри квадратни.
Сопствениците планираат да изградат и винарија, училиште за винарство, ресторан за вино и фабрика за сирење во близина на хотелот.
Изминатата година, хотелот го посетиле повеќе од 100.000 гости и имал исполнетост на капацитетот од 83%. Една ноќ во овој хотел чини околу 230 долари.
Погледнете го видеото: