Полициски хеликоптери претпладнево го надлетуваат прилепското село Канатларци, а причината е убиство.
Според неофицијални информации ноќеска околу 2 часот по полноќ во ова прилепско село се случила крвава драма. 24-годишниот Е.И. жител на селото бил застрелан со 8 куршуми, дознава Маркукуле.
Според информациите лицето седело пред продавница во селото, при што на враќање кон дома бил зачекан на улица и изрешетен.