Медиумите ширум светот се преплавени со информации за демонстрациите кои се случуваат во Хамбург. Според пишувањата околу 350 активисти во Хамбург се обидоа денес да ја срушат полициската бариката и да влезат во црвената зона – блокирано подрачје каде што се одржува самитот на Г20, соопштуваат градските власти.
Тие ја обвинија полицијата дека користи прекумерна сила, наведува агенцијаа.
Се појавија и драматични снимки од запалени автомобили на улиците на Хамбург.
Првата дама на САД Меланија Трамп, не може да го напушти хотелот во кој претстојува за време на самитот Г20 во Хамбург поради безбедносни причини, пишува „Шпигл“. Германскиот таблоид „Билд“, јавува дека демонстранитите го опколиле хотелот во кој се наоѓа Меланија.
„Засега немаме дозвола од полицијата да го напуштиме хотелот“, рекол портпаролот на првата дама на САД.