Дури поздраво е да изедете два хамбургери, отколку хамбургер и помфрит
Можеби во прашање не е баш најдобар избор, но ако сакате да уживате во хамбургерите и да го зачувате вашето здравје, заборавете на помфрит.
Нутриционистот Емили Филд тврди дека нарачувањето хамбургер и помфрит е рецепт за пропаст.
Судејќи по неа, клучната работа кај секој оброк, па дури и кај оние кои не се здрави, е балансот на нутриенти, а една порција помфрит е богата со масти и јаглени хидрати, а речиси и да нема протеини.
“Ако избегнете, или ако го замените помфритот за уште еден хамбургер во познатите ланци за брза храна, речиси двојно ќе го зголемите количеството на протеини кое го внесувате, а значајно ќе ја смалите количната на масти”, тврди Емили.
Со оглед на тоа дека брзата храна е богата со масти и jаглени хидрати, а речиси и да не содржи протеини, одлуката да го избегнете помфритот ќе ви помогне да го урамнотежите нивото на шеќери во крвта.
Иако два хамбургери во познатите ланци за брза храна е значително покалоричен избор, истражувањето во списанието “Нутритивен Метаболизам” тврди дека балансот на макронутриенти во оброкот се од суштинско значење за одржување на здраво ниво на шеќер во крвта.
А/Г/