Хакерите тврдат дека го украле филмот од серијалот “Пиратите од Карибите” и се закануваат дека ќе го прикажат доколку студиото не му ја исплати побараната сума на пари.
Боб Игер, извршниот директор на “Волт Дизни” компанијата, вели дека хакерите тврдат дека имаат пристап до филмот и дека ќе го прикажат во сегменти доколку не се исплати откупнина, објави “Холивуд репортер”.
Тој не сакал да го каже името на филмот, но нагласил дека компанијата одбила да плати откуп и одлучила да соработува со федералните служби.
На сајтот “Deadline.com” објавено е дека се работи за филмот “Пиратите од Карибите: Мртва уста не говори”, што е најновото продолжение во кое главна улога има Џони Деп. Премиерата е најавена за 25 мај.
Ф.Г.