ХИТОТ КОЈ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ЗАБОРАВИ: Кој празник го славиш, Свети Трифун или Валентајн? (ВИДЕО)


Во последните неколку години секој 14 февруари има расправи за тоа кој празник треба да се слави.

Некои не го даваат Свети Трифун, на други не им пречи Свети Валентин, а трети пак го прославуваат денот на вљубените со добро вино, а најмногу профитираат умешните трговци кои за овој ден имаат полни раце работа.

А речиси малкумина се оние кои знаат нешто за овие светители.

„Свети Валентин не е наш празник туку измислица на западниот свет со цел да се извлечат повеќе пари за овој бесмислен празник. Ние имаме свој светител, а тоа е Свети Трифун; Отсекогаш сакаме да се разликуваме од другите. Зошто како сиот нормален свет дда не го славиме Денот на вљубените. Што има лошо во тоа “ – ова се само дел од спротиставените размислувања на интернет –форумите за тоа дали треба да се слави едниот или другиот празник.

Ова момче има навистина интересен одговор за тоа кој празник го слави, Свети Трифун или Валентајн… Дополнителен коментар се чини не е потребен…

Видеото иако е постаро, вреди одново и одново да се погледне и да се потсетиме на овој легендарен одговор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.