Црвенокосо момче од Англија живеело сосема обичен живот, се додека еден ден не добил совет од својот фризер. Гилијам Паг има 33 години и не може да се каже дека самодовербата од секогаш му била голема.
Гилијам цел живот се “борел” со својот изглед, а ни здравјето не му било најдобро. Имало денови кога не можел да го напушти домот. Силната анксиозност и несигурност го ограничувале, а потоа локалниот фризер му предложил да пушти брада.
Сега Гилијам е модел и е заштитно лице на брендот “Nathan Palmer Clothing”. Тој се појавил и на насловната страна на магазинот “100 Beards by Jonathan Daniel Pryce”.