Џејк Еванс е професионален фотограф кој се одлучил да влезе во напуштена куќа за погреби во градот Бесемер во американската сојузна држава Алабама. Не можел ни да претпостави што се наоѓа внатре.
Клајд Бат во 1992 година изградил погребна куќа во склоп на место кое е наменето за погребување на починати. Имал желба да направи погребно место за починати, налик на древните погребни места слични на катакомбите, какви што имало во античкиот Рим.
Со погребување за занимавал уште како тинејџер, а кога го отворил своето погребно претпријатие, го сместил под земја, па нудел разни методи на погреби. Една од нив била погребување на покојникот во големи комори во кои останале 8 метални сандаци.
Но, семејството на покојникот не смеело да влезе во таа соба во која се наоѓаат сандаците, туку цвеќето го полагале на постамент пред мрачната соба.
Но, погребното претпријатие затворило во 2003 година, а во 2009 година сопственикот починал од срцев удар. Во мртовечницата веќе никој не влегол се до 2015 година, кога тоа го направил професионалниот фотограф Еванс, со цел да виде што се наоѓа таму.
Погледнете го видеото:
А/Г/