Откако на власт дојде Зоран Заев и СДСМ, Македонија е заборавена од странските инвеститори.
До неодамна, Македонија беше лидер во отварањето на нови фабрики и нови работни места.
Откако на власт дојде Зоран Заев и СДСМ, Македонија е заборавена од странските инвеститори.
Најнов доказ за ова е најавата за нова германска фабрика во Србија која ќе донесе 1000 вработувања.
Српските медиуми пишуваат дека германската компанија “Friedrishafen” ќе гради фабрика во Панчево.
-Компанијата уште во правата фаза ќе вработи 540 лица, а планот е да бидат вработено околу 1000. Следната година инвестицијата ќе изнесува 40 милиони евра, во 2020-та година ќе инвестира уште 25 милиони, а во 2021-ва година ќе вложат уште нови 20 милиони евра, пишуваат медиумите пренесувајќи официјално соопштение.
Извор: kurir.mk