Фејсбук тестира нова опција за заштита од досадни пријатели

Доколку имате пријатели кои ви досадуваат со често објавување на статуси и фотографии, социјалната мрежа Фејсбук наскоро ќе ви понуди решение за тој проблем.

Се работи за опцијата “Snooze”, која на корисниците на Фејсбук ќе им овозможи привремено да престанат да следат определени личности, страници или групи, односно нивните објави да не ги гледаат на почетната страница. “Snooze” нуди можност за прекинување на следењето на 24 часа, една седмица и 30 дена.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.