Прилепската полиција поднесе кривична пријава против 18- годишниот М.Ј. и 18- годишниот В.П и против пет малолетници поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дела тешка кражба и тешка кражба во обид.
Во периодот од октомври 2016 година до Ааприл 2017 година пријавените извршиле 25 тешки кражби и тешки кражби во обид од моторни возила на подрачјето на град Прилеп, при што најчесто од возилата противправно одземале акумулатори.