Пејачката Дона Арес веќе неколку години се бори со ракот, а ова е трет пат болеста да се врати назад во нејзиното тело.
Активна е на социјалните мрежи каде објавува различни фотографии и пораки. Од оние кога денот не и е баш најдобар, до оние со кои на целиот свет му покажува колку е силна и подготвена за борба.
Дона објавила фотографија насмеана со својата другарка, но со игла во раката, а фотографијата успеала да предизвика најдлабоки емоции кај нејзините фанови.